„На полигонот на институтот „Цнииточмаш“ е завршена процедурата за добивање атест за комори во кои се тестира специјално стрелечко оружје со калибар до 30 милиметри на екстремни температури од минус 60 до плус 60 степени Целзиусови и во отежнати услови (прашина, дожд)“, изјави за агенцијата РИА „Новости“ од информативната служба на ова претпријатие.
Од почетокот на 1990-те не беше финансирано одржувањето на полигонот за тестирање така што полигонот на крај беше конзервиран. Лабораторијата со текот на времето стана неупотреблива, а опремата застарена.
Раководителот на научнотехничкиот центар за тестирање и експериментално проучување на вооружување, воена и специјална техника на „Цнииточмаш“ Сергеј Карасјов истакна дека стручњаците успешно ја реконструирале изгубената уникатна технологија за тестирање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче