Воздушна битка на белоруски Су-30СМ одблизу (ВИДЕО)

На снимката, направена од пилотската кабина, може да се види како руски авиони истрелуваат ракети „воздух-воздух“.

Пилотите на белоруски борбени авиони Су-30СМ вежбаа пресретнување и уништување симулиран непријател на небото над Полесје. Вежбите се одржаа со примена на ракети „воздух-воздух“, пишува РГ.

Според прес-службата на Министерството за одбрана на Република Белорусија, улогата на воздушен непријател ја играше бомба за осветлување, фрлена од лесен јуришен авион Јак-130.

„Ракетата Р-73, и покрај релативно малата големина во однос на авионот, е способна да ја стигне и погоди воздушната цел на растојание до 20 километри“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Ракетата работи на принципот „испукај и заборави“. Зафаќањето и корекцијата на целта по лансирањето се врши со помош на термичка „глава“ за самонаведување. Р-73 може да погоди воздушни цели со брзина од 2500 километри на час.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња