Воздушно-космичките сили (ВКС) почнаа да ги добиваат првите современи комплекси со разузнавачко-ударни беспилотни летала со среден опсег „Иноходец“ и „Форпост“, пишува ТВ „Ѕвезда“.
Вооружените сили на Русија ги добија првите ударни беспилотни летала, изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу во понеделникот на состанокот на колегиумот на рускиот воен ресор.
„Во ВКС почнаа да пристигнуваат првите современи комплекси со разузнавачко-ударни беспилотни летала со среден опсег „Иноходец“ и „Форпост“, изјави тој.
Според него, оваа година Копнената војска доби над 3500 нови и модернизирани примероци вооружување, вклучувајќи 220 тенкови и други оклопни борбени возила, како и над 1500 единици автомобилска техника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче