„АвтоВАЗ“ го прикажа новиот модел Lada Niva Travel

lada.ru
Во Волшката фабрика за автомобили стартуваше сериското производство на теренското возило Lada Niva Travel. Новите возила ќе се појават во продажба во 2021 година.

„АвтоВАЗ“ ги објави првите официјални фотографии на обновениот теренец Lada Niva чие сериско производство стартуваше во претпријатието „Lada Запад Тольятти“. Автомобилот Niva Travel ќе се појави во продажба во 2021 година.

Од Волшката фабрика за автомобили велат дека обновената Lada Niva Travel е „поизразена и помодерна“. Конкретно, теренецот доби нова пообемна и порелјефна хауба, маска на ладилникот со крупна мрежа, нова оптика, декоративни лајсни на бочните врати и релјефни додатоци на лаците на тркалата. Сега сите задни светла се LED, а браникот е поистурен.

Првиот примерок на моделот Lada Niva Travel беше Off-Road. Тој има браник од небоена пластика, теренски гуми и смукалка за воздух.

Засега нема подетални податоци за техничките карактеристики на обновената „Лада Нива“. Се претпоставува дека во употреба и понатаму е моторот со запремнина од 1,7 литри со 80 КС и механички менувач со пет брзини, постојан погон на сите четири тркала со двостепен редуктор и меѓуоскин диференцијал со блокада.

Варијантите на комплетите опрема и цените на новото возило Lada Niva Travel ќе бидат објавени дополнително. Почетната цена на сегашниот модел е 738000 рубли.

Претходно моделот Niva беше продаван под брендот Chevrolet, меѓутоа  „АвтоВАЗ“ кон крајот на 2019 година склучи договор со компанијата „Џенерал Моторс“ за купување 50% акции на заедничкото претпријатие GM-Avtovaz кое сега е во целост под контрола на руската компанија. Потоа моделот повторно го доби логотипот Lada.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња