„Би сакал да кажам дека сме отворени за соработка со Русија. Би сакале нашите две земји здружено да работат на производство на вакцината, но и на заедничка борба против короната и останатите болести“, изјави Златибор Лончар.
Лончар се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, затоа што на Србија ѝ ја обезбеди вакцината „Спутник V“ за истражување.
„Ниедна друга држава не го направи тоа, само Русија. Имаме лабораторија во која штотуку се анализира квалитетот на руската вакцина“, додаде министерот за здравство на Србија.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференцијата по разговорите со претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Москва и Белград преговараат за разработка на вакцина против корона и нејзино производство во Србија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче