Руски сателит сними од вселената помрачување на сонцето над Јужна Америка (ВИДЕО)

Рускиот хидрометеоролошки сателит „Електро-Лˮ сними од вселената помрачување на сонцето над Јужна Америка, соопшти „Роскосмосˮ.

„Со помош на хидрометеоролошкиот геостационарен сателит за далечинско сондирање на Земјата „Електро-Л“ бр. 2 стручњаците на државната корпорација „Роскосмос“ ја снимија сенката на Месечината на површината на Земјата за време на помрачувањето на Сонцето, кое на 14 декември можеше да се види од територијата на Чиле, Аргентина, на југоистокот на Тихиот океан и во јужниот дел на Атлантскиот океан“, се наведува во соопштението на сајтот на „Роскосмос“.

Сателитот „Електро-Лˮ бр. 2 беше поставен во геостационарната орбита (кружната орбита на висина од 36 илјади километри) 2015 година и денес функционира на орбитална позиција од 14,5 степени западна должина над Атлантскиот океан.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња