Авионот МС-21 првпат полета со руски мотори ПД-14 (ВИДЕО)

Авионот МС-21-310 првпат полета со руски мотори ПД-14, соопшти службата за односи со јавноста на „Ростех“.

Летот беше реализиран на 15 декември од аеродромот на Иркутската фабрика за производство на авиони, подружница на корпорацијата „Иркутск“ која е дел од „Ростех“.  

„Денеска <...> го гледаме резултатот на доследната државна политика на полето на развој на високотехнолошките гранки. Имаме нова генерација конструктори и работници во производството“, изјави рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.

Летот траеше 1 час и 25 минути. Со авионот управуваше екипаж составен од пробните пилоти Василиј Севастјанов и Андреј Воропаев и пробниот инженер Александар Соловјов. Во текот на летот беа тестирани режимите на работа на моторот, стабилноста и управливоста со авионот, како и функционирањето на сите негови системи.

„Овој лет е резултат на обединувањето на двете најважни програми на цивилната авионска индустрија во Русија – авионот МС-21 и моторот ПД-14. Со напорите на научниците, конструкторите, инженерите и работниците се прави авион од нова генерација кој ја враќа нашата земја во највисоката лига на светската авијација“, рече генералниот директор на „Ростех“ Сергеј Чемезов.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња