Американска компанија даде на продажба 20 нигериски МиГ-21

Михаил Кухтарев/Sputnik
Се продаваат дваесет советски ловци МиГ-21 на Военото воздухопловство на Нигерија кои поминале под отворено небо веќе 20 години.

Порталот The Drive забележа необична понуда на сајтот trade-a-plane.com. Компанијата Inter Avia Group со седиште во Невада објави оглас за продажба на дваесет „користени“ ловци МиГ-21. Со нив се продаваат и 15 нови мотори. На придружните фотографии на авионите се гледаат боите и ознаките на Военото воздухопловство на Нигерија. Цените не се наведени – од заинтересираните се бара да му се јават на продавачот.  

Авторите на порталот претпоставуваат дека овие ловци ја сочинувале практично целокупната воена авијација на Нигерија. Меѓу нив има 11 едноседи МиГ-21бис (најновата и најсовршената модификација), 5 едноседи МиГ-21МФ и 4 наставни примероци двоседи МиГ-21УМ.

Судејќи според сé, авионите се слабо користени. МиГ-21бис има 34 до 169 часа летање, МиГ-21МФ од 250 до 469 часа, а МиГ-21УМ од 199 до 547 часа.

Техничките карактеристики на овие авиони, според мислењето на The Drive, се спорни. Тука е импресивната декларирана брзина од 2228 километри на час, но борбениот домет од 500 километри не е нешто што може да се посака.

Своите МиГ-21 Нигерија ги нарача од Советскиот Сојуз кон средината на 1970-тите за да ги замени застарените ловци МиГ-17. Во 1975 година беа испорачани 24 МиГ-21МФ и 6 МиГ-21УМ. Но, до октомври 1984 година нивниот број беше преполовен. На крај Нигерија набави уште 13 МиГ-21бис, како и уште два МиГ-21УМ за да ги надомести тие загуби.

Поголемиот дел од нигериските МиГ-ови е расходуван и оставен на чување на почетокот на 1990-тите. Оттогаш се наоѓаат под отворено небо во Макурди на истокот на земјата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња