На Камчатка пилотите од мешовитиот воздухопловен полк вежбаа пресретнување симулиран непријателски авион во ноќни услови.
Улогата на „натрапник“ ја одигра ловец МиГ-31 кој, не одговарајќи на барањата од земја, под превезот на ноќта се обиде да се приближи до дострелот за лансирање ракети врз важни цели на Камчатка.
Ловец-пресретнувач МиГ-31БМ полета од аеродромот Елизово за да го пресретне симулираниот непријател. Екипажот на пресретнувачот изврши независна потрага и класификација на целта, а потоа врз неа електронски лансираше ракети „воздух-воздух“ со долг дострел.
По извршувањето на главната задача, екипажите на ловците вежбаа пилотирање во облаци и слетување во тешки временски услови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче