Согласно планот за подготовка на Вооружените сили на Русија под раководство на Врховниот командант на ВС на Русија беа одржани вежби за управување со стратешките офанзивни сили, соопшти руското Министерство за одбрана.
Учествуваа сили и средства на копнената, поморската и авијациската компонента на стратешките нуклеарни сили на Русија.
Пробни борбени лансирања на интерконтинентална балистичка ракета, балистичка ракета од подморница, високопрецизни крстосувачки ракети со воздушно базирање со голем дострел беа извршени од космодромот „Плесецк“, од акваторијата на Баренцовото море, како и од авиони Ту-160 и Ту-95МС од аеродромите „Енгелс“ и „Украинка“, се вели во соопштението.
K-18 „Карелија“ е нуклеарен ракетен подводен крстосувач за стратешка намена од проектот 667БДРМ „Делфин“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче