Русија развива беспилотен хеликоптер за откривање шпионски дронови

Евгениј Одинцов/Sputnik
Се очекува овие летала да го следат движењето на непријателските дронови со мали димензии и мала брзина кои летаат на екстремно мали висини.

Во Русија започнаа работите за создавање беспилотен хеликоптер со далечен радиолокациски домет. Се очекува овие летала да го следат движењето на непријателските дронови со мали димензии и мала брзина кои летаат на екстремно мали висини.

По откривањето и идентификацијата, беспилотните летала-камикаѕе и шпионските дронови ќе бидат цел на системите за противвоздушна одбрана, пренесува „Росијскаја газета“.

Работата за создавање беспилотен хеликоптер со далечен радиолокациски домет се темели на „анализа на искуствата од неодамнешните локални судири, која покажува значително учество на јуришни беспилотни летала“. Работата е во тоа што поради карактеристиките на теренот на копнените радари и системите за електронска борба може да им биде тешко брзо да откријат мали беспилотни летала.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња