Во маневрите учествуваа сите компоненти на нуклеарната тријада на Русија, пишува „Росијскаја газета“.
Нуклеарната подморница на Северната флота „Карелија“ истрела балистичка ракета „Синева“ врз полигонот „Кура“ на полуостровот Камчатка. Од космодромот „Плесецк“ полета интерконтинентална балистичка ракета од копнен систем „Јарс“.
Од аеродромите „Енгелс“ и „Украинка“ полетаа стратешки бомбардери Ту-95МС и Ту-160 и истрелаа високопрецизни балистички ракети врз полигонот „Пембој“ во Република Коми.
Задачите на вежбата беа целосно реализирани, соопшти министерството.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче