Во Москва премиерно беше претставен „Камазовиот“ електричен кросовер под називот „Кама-1ˮ. Претсерискиот модел, проектиран во соработка со Санктпетербуршкиот политехнички универзитет „Петар Великиˮ, е изложен на саемот ВУЗПРОМЕКСПО-2020.
Возилото со три врати според габаритите незначително го надминува моделот „Окаˮ: должината му е 3,4 метри, ширината 1,7 метри, а висината 1,6 метри. Клиренсот му е 160 милиметри. „Кама-1ˮ има ЛЕД оптика со динамични трепкачи и систем за помош на возачот ADAS од трето ниво.
Лесно заменливите рабови на калниците, сајтните и маските ќе бидат корисни во каршеингот, кој КамАЗ го гледа како една од сферите на употреба на електричното возило. Уште една специфичност на кросоверот е масивното предно стакло кое се пружа на покривот и овозможува панорамски поглед. Во воланот е вграден екран од 10 инчи со команди на инструментите и мултимедијален систем. Преку него се реализира управување со системот ADAS и клима-уредот.
„Кама-1ˮ го движи електромотор со сила од 80 киловати кој овозможува да се развие брзина до 150 километри на час. Литиумско-јонскиот акумулатор со капацитет од 33 киловат-часови обезбедува да се поминат до 250 километри без полнење. Предноста на овој кросовер е во брзото полнење. Во обичен режим акумулаторот се полни за шест часа, а во забрзан за само 20 минути. Автомобилот забрзува до стотка за 6,7 секунди.
Генералниот директор на „Камазˮ Сергеј Когогин го опишува смарт-кросоверот како „првиот електричен автомобил во Русија целосно проектиран врз основа на технологија на дигитални близнаци и специјализирани дигитални платформи“. Таквата технологија овозможува виртуелно тестирање на електричниот автомобил со промена на показателите во различни услови.
Претставениот модел е индустриски претсериски примерок кој ги помина тестирањата и сертификацијата. „Камазˮ ќе се занимава со подготовка на продажната верзија веројатно без учество на универзитетот. Сé уште не е познато кога возилото ќе се појави во продажаба. Претходно фабриката во градот Набережние Челни како ориентациски рок ја наведе 2024 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче