Маневрите „АМАН-2021ˮ ќе се одржат во февруари покрај бреговите на Пакистан кај градот Карачи.
„Во вежбите, покрај бродови на Воената морнарица на Пакистан и Воената морнарица на Русија, ќе учествуваат американската морнарица, Кралската морнарица на Велика Британија, Воената морнарица на Народна Република Кина, Поморските сили на одбраната на Јапонија, Воената морнарица на Турската Република, Воената морнарица на Филипините, Кралските поморски сили на Малезија, Воената морнарица на Шри Ланка и Воената морнарица на Индонезија“, се наведува во соопштението.
Русија ќе ја претставуваат фрегата, патролен брод, реморкер за спасување, единица на морнаричката пешадија, одред за деминирање и морнарички хеликоптер.
Последен пат Воената морнарица на Русија учествуваше во вежби заедно со бродови на Северноатлантската алијанса во 2011 година покрај бреговите на Шпанија во рамките на маневрите Bold Monarch.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче