Русија тестираше во Сирија дронови-камикаѕе

Руски „патролен“ ударен дрон-камикаѕе „ZALA Ланцет“.

Руски „патролен“ ударен дрон-камикаѕе „ZALA Ланцет“.

Kalashnikov Media/Global Look Press
Во борбените дејствија во Сирија е извршено тестирање на јуришни беспилотни летала на концернот „Калашников“.

Според првиот човек на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов, леталата се покажале добро. Мошне се ефикасни и покрај малата моќност. Министерството за одбрана на РФ веќе набавува и борбени дронови, а не само извидувачки.

Агенцијата „Интерфакс“ потсетува дека концернот „Калашников“ минатата година ги претстави дроновите-камикаѕе КУБ-БЛА и „Ланцет“ кои ги проектираше негова компанија-ќерка. Тие дронови во суштина се проектили на далечинско управување кои летаат над бојното поле и експлодираат кога ќе стигнат до непријателски објект.  

КУБ-БЛА носи околу 3 кг полезен товар, може да лета 30 минути со брзина од 80-130 км/ч и погодува цели независно од релјефот и засолнетоста со други објекти.

„Ланцет“ има две верзии: „Ланцет-1“ тежок 5 килограми има еден килограм полезен товар и погодува цели во радиус од 40 километри,  „Ланцет-3“ носи 3 кг товар, а е тежок вкупно 12 килограми. Производителот ги карактеризира овие апарати како „интелектуално мултифункционално оружје кое самостојно ја пронаоѓа и уништува зададената цел“. „Ланцет-3“ има телевизиски канал за наведување, така што не губи контакт со операторот до самиот судар со нанишанетиот објект. Нему не му е потребна сателитска навигација затоа што ги одредува координатите според различни извори и објекти. Така овој дрон може да изврши напад во воздух, на земја и во вода без создавање дополнителна инфраструктура.

Чемезов соопшти дека во Русија се тестираат и други беспилотни летала.

„Ако зборува за беспилотни летала со средна големина, можеме да го споменеме и дронот „Корсар“, кој носи оружје. Тој веќе беше претставен на Парадата на Победата и на форумот „Армија“. Има неколку примероци од овој дрон, тие летаат и се тестираат“, изјави шефот на „Ростех“, додавајќи дека сериското производство ќе почне штом Министерството за одбрана на РФ го нарача овој производ.  

БПЛА „Корсар“

Дронот од авионски тип „Корсар“ е направен во конструкторското биро „Луч“ и е наменет за извидување на терен, патролирање и набљудување, како и за уништување непријателски објекти. Развива брзина од 150 км/ч, може да лета 10 часа, максималната висина на летање му е 6 километри, а радиусот на дејство преку 160 км.

Во затворен режим „Корсар“ беше претставен на форумот „Армија“ 2015 година, а на јавноста првпат ѝ беше демонстриран на Парадата на Победата 2018 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња