Прикажана тактика на напад на руски Т-72Б3 и ловци на тенкови „Терминатор“

Скриншот, телевизиja „Ѕвезда“
Во единиците на Челјабинската гардиска тенковска дивизија пристигнаа осум парчиња борбени оклопни возила за поддршка на тенкови БМПТ-72 „Терминатор“. Се работи за орудие кое благодарение на комбинацијата на топови и наведувани ракети се одликува со исклучително голема огнена моќ. Воведувањето на ова средство значително ќе ги зголеми борбените способности на руските оклопно-механизирани единици.

Првиот контингент од осум борбени оклопни возила за огнена поддршка на тенкови БМПТ-72 „Терминатор“ ја започна фазата на формациско тестирање во состав на гардиската тенковска дивизија на Централниот воен округ (ЦВО), пишува Марсонлине. Оваа дивизија со својот штаб се наоѓа во Челјабинската област. Комплетната информација на новинарите им ја пренесе командантот на Централниот воен округ Александар Лапин.

„Контингент во кој се наоѓаа осум возила БМПТ-72 „Терминатор“ влезе во пробна експлоатација, конкретно во гардиската тенковска дивизија на ЦВО. Во овој момент персоналот кој е ангажиран во состав на механизираните единици во рамките на дивизијата изведува интензивна преобука за работа на новата техника“, изјави рускиот генерал.

Од информативната служба на Централниот воен округ прецизираа дека воведувањето на БМПТ-72 „Терминатор“ во оклопно-механизираните единици на округот значително ќе ги зголеми нивните борбени способност. Екипажите кои ќе управуваат со овие средства се селектирани и подготвени. Производителот го запозна воениот персонал, кому ќе му биде предадена новата техника, со нејзините главни тактичко-технички карактеристики и особено со степенот на нејзината мобилност.  

БМПТ-72 „Терминатор“ е оспособен ефикасно да се бори со сите современи основни борбени тенкови, борбени возила на пешадијата и други оклопни средства (транспортери, оклопни автомобили), како и упоришни точки со непријателска жива сила.

Ударното ракетно вооружување се состои од четири ласерски наведувани противтенковски ракети „Атака-Т“ кои се сместени во ист број транспортно-лансирни контејнери. Оваа ракета се одликува со исклучително висока брзина на летање и според атрибутот на брзината спаѓа во најбрзите ракети од тој топ на светот (нејзината брзина изнесува околу 550 м/сек). Максималната далечина на која ракетата се лансира е 6 км, а на таа далечина може да го пробие секој современ тенк чиј оклоп е зајакнат со динамична заштита. Покрај тандем-кумулативната боева глава, овие ракети можат да носат и термобарички боеви глави кои се многу ефикасни против непријателска жива сила.

Треба да се напоменат напредните верзии на оваа ракета, со тандем боева глава, имаат зголемен дострел кој сега достигнува цели 10 км, а зголемена е и нејзината пробојност која изнесува над 1000 мм хомогена челична плоча, заштитена со структура на динамична заштита.

Покрај ракети „Атака-Т“, на возилото се наоѓаат и два автоматски топа 2А42 со кал. 30 мм, кој има борбен комплет од 850 гранати. Овие топови ги произведува познатиот завод „Туламаш“ од Тула. Топот испукува муниција со калибар од 30х165 милиметри, а балистичките карактеристики на гранатата обезбедуваа ефикасен дострел до 4000 метри (пробојност од околу 50 милиметри хомоген челик под агол од 60 степени на оддалеченост од 1000 метри). За овој топ се развиени два вида муниција со калибар од 30х165 мм, панцирни и фугасни. Топовите се оспособени да дејствуваат во единечен и рафален режим на стрелба. Со нив е спарен и митралез ПКТМ со кал. 7,62х54 мм, како и два автоматски фрлачи на гранати со кал. 30 мм (секој по 300 гранати).

Масата на ова возило достигнува 44 тони, додека неговиот екипаж се состои од пет лица. Максималната брзина на уреден пат е 65 км/ч., додека со полн резервоар „Терминатор“ може да помине 550 километри. Возилото може да совлада ров со широчина од 2,8 метри, како и вертикална пречка со височина од 0,85 метри.

Треба да се напомене дека ова возило успешно го заврши и тестирањето во реални борбени услови во Сирија, каде што прикажа одлични резултати.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња