Русија ѝ ја предаде на Србија првата партија вакцини „Спутник V“

Keystone Press Agency/Global Look Press
Руската вакцина во Србија на лабораториска контрола. Вучиќ: „Нашите стручњаци и луѓето од Агенцијата за лекови имаат време наредниве денови да испитуваат и да кажам можеме ли да го прифатиме тоа или не“.

Првите дози руска вакцина „Спутник V“ пристигнаа во Србија и веќе се испратени на лабораториска проверка, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ. 

„Пристигнаа 20 дози кои одат во нашите лаборатории. Безбедносно-информативната агенција ги проследи на Торлак и таму сега нашите стручњаци и луѓето од Агенцијата за лекови имаат време наредниве денови да испитаат и да кажат можеме ли да го прифатиме тоа или не“, рече Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека руската вакцина ќе се проверува истовремено со вакцината на американската компанија „Фајзер“.

„Првите Фајзерови вакцини ги очекуваме до крајот на годината. Тоа ќе биде помала количина вакцини, а поголемата ја очекуваме во јануари и февруари. Очекуваме 350 илјади дози „Фајзер“ вакцина до крајот на февруари или почетокот на март“, рече Вучиќ и додаде дека вакцинирањето ќе биде бесплатно за сите граѓани на Србија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња