Кон крајот на следната година се планира почеток на државните тестирања на новиот руски снајперски комплекс „Угољок“.
„Во овој момент работиме на комплетирање на прототипските модели за прелиминарните тестирања. Карактеристика на овој снајперски комплекс е потпирањето врз примена на исклучиво домашни компоненти, муниција и нишани“, изјави за веб-порталот РИА „Новости“ директорот на производство на комплекси вооружување во рамките на државната корпорација „Ростех“ Бехан Аздоев, пренесува РГ.
Неодамна главниот конструктор на борбена опрема на ЦНИИточмаш (исто така влегува во состав на корпорацијата „Ростех“) Игор Некрасов изјави дека во рамките на работата на проектот „Угољок“ се планира производство на нов барутен прав и муниција во НАТО-стандард (.308 и .338), како и нови пушки и нишани.
Главно снајперско оружје на руската армија веќе 50 години наназад е познатата полуавтоматска пушка „Драгунов“ - СВД. Дел од безбедоносните сили ја користи и снајперската пушка Т-5000 „Точност“, додека останатите модели се набавувани во релативно мали количини.
Според информациите што можат да се прочитаат од отворени извори, во рамките на опитно-конструкторската работа на снајперското оружје „Угољок“ се испитуваат шест пушки со различни механизми: по две од ЦКИБ, две од ЦНИИточмаша и две од „Калашников“. Главната разлика на новиот комплекс во однос на снајперската пушка СВД ќе биде зголемениот ефективен дострел/прецизност на огнот. Ако снајперската пушка „Драгунов“ беше предвидена за уништување на цел со големина на просечен човек на далечина 500-800 метри, новиот снајперски комплекс „Угољок“ истата задача ќе мора да ја реализира на далечини поголеми од 800 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче