Во Алжир почнаа да пристигаат руските „ловци на тенкови“: Русија испорачува 300 „Терминатори“

Global Look Press
БМПТ-72 „Терминатор“ е оспособен ефикасно да се бори со сите современи основни борбени тенкови, борбени возила на пешадијата и други оклопни средства (транспортери, оклопни автомобили), како и упоришни точки со непријателска жива сила. Ударното ракетно вооружување се состои од четири ласерски наведувани противтенковски ракети „Атака-Т“, два топа 2А42 со калибар 30 мм кои се спарени со ПКТМ и опционо два автоматски фрлачи на гранати со калибар 30 мм.

Алжирскиот веб-портал MenaDefense објави најнови фотографии од современите борбени оклопни возила за огнена поддршка БМПТ-72 „Терминатор“ кои од Русија ѝ беа испорачани на оваа држава. Вкупниот број порачани „Терминатори“ се мери во стотици парчиња, а нивната основна намена ќе биде огнена поддршка на оклопно-механизираните сили на алжирската армија опремена со тенковите Т-90СА и обезбедување нивна заштита при реализација на борбени операции.

Концернот „Уралвагонзавод“ продолжува со испорака на современи борбени оклопни возила за огнена поддршка на оклопните единици БМПТ-72 „Терминатор“. Така на интернет-мрежата се појавија фотографии на кои се гледаат штотуку испорачаните самоодни борбени системи на алжирската армија која од Русија нарача 300 вакви гасеничари кои се карактеризираат со исклучително голема огнена моќ.

БМПТ-72 „Терминатор“ е оспособен ефикасно да се бори со сите современи основни борбени тенкови, борбени возила на пешадијата и други оклопни средства (транспортери, оклопни автомобили), како и упоришни точки со непријателска жива сила. Ударното ракетно вооружување се состои од четири ласерски наведувани противтенковски ракети „Атака-Т“, два топа 2А42 со калибар 30 мм кои се спарени со ПКТМ и опционо два автоматски фрлачи на гранати со калибар 30 мм.

Ударното ракетно вооружување се состои од четири ласерски наведувани противтенковски ракети „Атака-Т“ кои се сместени во ист број транспортно-лансирни контејнери. Оваа ракета се одликува со исклучително висока брзина на летање и според атрибутот на брзината спаѓа во најбрзите ракети од тој топ на светот (нејзината брзина изнесува околу 550 м/сек). Максималната далечина на која ракетата се лансира е 6 км, а на таа далечина може да го пробие секој современ тенк чиј оклоп е зајакнат со динамична заштита. Покрај тандем-кумулативната боева глава, овие ракети можат да носат и термобарички боеви глави кои се многу ефикасни против непријателска жива сила.

Треба да се напоменат напредните верзии на оваа ракета, со тандем боева глава, имаат зголемен дострел кој сега достигнува цели 10 км, а зголемена е и нејзината пробојност која изнесува над 1000 мм хомогена челична плоча, заштитена со структура на динамична заштита.

Покрај ракети „Атака-Т“, на возилото се наоѓаат и два автоматски топа 2А42 со кал. 30 мм, кој има борбен комплет од 850 гранати. Овие топови ги произведува познатиот завод „Туламаш“ од Тула. Топот испукува муниција со калибар од 30х165 милиметри, а балистичките карактеристики на гранатата обезбедуваа ефикасен дострел до 4000 метри (пробојност од околу 50 милиметри хомоген челик под агол од 60 степени на оддалеченост од 1000 метри). За овој топ се развиени два вида муниција со калибар од 30х165 мм, панцирни и фугасни. Топовите се оспособени да дејствуваат во единечен и рафален режим на стрелба. Со нив е спарен и митралез ПКТМ со кал. 7,62х54 мм, како и два автоматски фрлачи на гранати со кал. 30 мм (секој по 300 гранати).

Масата на ова возило достигнува 44 тони, додека неговиот екипаж се состои од пет лица. Максималната брзина на уреден пат е 65 км/ч., додека со полн резервоар „Терминатор“ може да помине 550 километри. Возилото може да совлада ров со широчина од 2,8 метри, како и вертикална пречка со височина од 0,85 метри.

Треба да се напомене дека ова возило успешно го заврши и тестирањето во реални борбени услови во Сирија, каде што прикажа одлични резултати.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња