На интернет се појави видео од кое се гледа враќање на бетонот на транспортен авион Ан-124 „Руслан“, кој се најде надвор од пистата за време на принудното слетување на новосибирскиот аеродром „Толмачoво“, пишува „Росијскаја газета“.
Буксировка самолета Ан-124 в аэропорту Толмачево. Видео: https://t.co/CzFFKuqIdXpic.twitter.com/LjNHkZM8wU
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) November 30, 2020
Со цел да го извлечат 200-тонскиот авион од земјата, војската употреби воени ремонтно-евакуациски возила врз база на тенкот Т-72. Тие успеаја да го извлечат џиновскиот авион назад на бетонот. Сајлите за влечење беа прицврстени на шасијата на возилата.
На 13 ноември, веднаш по полетувањето АН-124 на авиокомпанијата „Волга-Днепар“ изврши принудно слетување на аеродромот „Толмачoво“. Авионот превезуваше товар со маса од 84 тони од Сеул за Виена, а во Новосибирск тешкиот „Руслан“ направи техничко запирање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче