Центарот „Вектор“ очекува крај на пандемијата на коронавирус во 2021 година

Viktor Lisicin/Global Look Press
Ринат Максјутов, генерален директор на центарот „Вектор“, уверен е дека пандемијата на коронавирус ќе заврши во 2021 година. Според него, вирусот практично не се менува.

„Вирусот ќе остане, но самата пандемија, се разбира, ќе исчезне. Уверен сум дека тоа ќе биде во 2021 година“, рече Максјутов на научниот фестивал Science Bar Hopping Online, пренесуваат руските медиуми.

Генералниот директор на центарот „Вектор“ додаде дека вирусот практично не се менува.

„Утврдивме дека кај овој вирус практично нема промени, т.е. дека во геном од 30 илјади нуклеотиди промената меѓу било кои два соја што ќе ги земеме не е поголема од 30, т.е. не е поголема од 0,1%“, рече Максјутов.

Максјутов додаде дека веќе се произведени 35 илјади дози вакцина против коронавирус „ЕпиВакКорона“ на центарот „Вектор“. Од тоа околу 5 илјади ќе бидат испратени за истражување, додека остатокот ќе влезе во цивилен промет во декември.

Во Русија во текот на последните 24 часа се забележани 26338 случаи на зараза со коронавирус. Вкупниот број на заразени во земјата достигна 2295654. Во последните 24 часа починаа 368 лица, додека вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 29895. Од почетокот на пандемијата оздравеа 1778704 лица.

Регионалните власти продолжуваат со враќање на претходно укинатите ограничувања. Во Москва моменталните мерки се продолжени до 15 јануари. Некои региони забранија масовни прослави на претстојните новогодишни празници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња