Новиот универзален противвоздушен ракетен комплекс со краток дострел, кој ќе има проширена способност за уништување воздушни цели, наскоро ќе биде комплетиран во Русија. Ова за веб-порталот РИА „Новости“ го изјави директорот на производство на комплекси вооружување на државната корпорација „Ростех“ Бекан Аздоев.
„Сакаме да создадеме универзален ракетен систем со краток дострел, кој ќе има комбинирано вооружување. Ова вооружување ќе треба ефикасно да се избори со сите типови воздушни цели, вклучувајќи ги и копнените“, рече Аздоев, пренесува РИА „Новости“.
Според него, еден од првите резултати во реализацијата на овој концепт вооружување е хибридниот ракетно-топовски систем 96К6 „Панцир-С“.
„Неговата популарност и светскиот резултат ни велат дека се движиме во вистински правец. Овој систем ги потврди своите борбени способности во реални борбени ситуации на територијата на Сирија. Борбената примена ни даде непроценливо искуство кое ни помага при неговиот понатамошен развој“, изјави соговорникот на рускиот портал.
96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со мал дострел. Наменет е за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите модерни и перспектива средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на периодот на денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба.
Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива далечина до 5000 метри. Топовите дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи и против копнени и надводни цели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче