2С38 Деривация-ПВО
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netНа почетокот на новата деценија во вооружувањето на руската армија ќе влезе ново трупно самоодно противвоздушно артилериско оружје кое ќе ја носи ознаката „Деривација-ПВО“. Овој систем е конструиран врз база на борбеното возило на пешадијата БМП-3 на која е додаден автоматизиран борбен модул (купола) без екипаж со топ Ау-220М. Станува збор за топ со извонредни техничко-тактички способности, кои можат за само 60 секунди да испукаат речиси 120 гранати со голем калибар, што е прилично респектабилен резултат за ваквиот вид оружје.
„Неговиот борбен комплет ќе се состои и од муниција која е опремена со запалка на далечинско активирање и со специјални видови наведувачки проектили. Ова значи дека екипажот ќе може на определена етапа на летот на проектилот да изврши негово далечинско детонирање, или да го коригира неговото движење во зависност од однесувањето на целта која се гаѓа“, вели за Russia Beyond неименуван извор кој доаѓа од рускиот военоиндустриски комплекс.
2С38 Деривација-ПВО
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netОна што е особено индикативно за артилерискиот систем „Деривација-ПВО“ е дека ова оружје ќе биде специјализирано за борба против малогабаритни цели како што се беспилотните летала.
„Беспилотните летала стануваат мошне важна ударна компонента не само на нашата армија, ами и на сè поголем број армии на Блискиот Исток. Разните терористички групи што дејствуваат на овој простор имаат техничка способност да склопат далечински управливи борбени летала (таканаречени камиказе-дронови) на кои можат да се стават разни видови муниција и да се испратат во напад на софистицирана техника како што се системите за ПВО, основни борбени тенкови, воздухопловните сили и слично кои одделно чинат милиони американски долари“, напоменува експертот.
Според него, за да се одбрани од овие напасти на армијата ѝ потребна ефективна замена за противвоздушните ракети кои инаку чинат многу. „За да се зачува буџетот, да се спаси техниката и истовремено да се уништат напасниците кои на себе носат бомби, се покаже дека е потребна набавка на модерниот противвоздушен артилериски систем „Деривација-ПВО“, вели рускиот експерт.
При брзина на испукување од 120 гранати во минута „Деривација-ПВО“ може во една точка да концентрира неколку десетина проектили со калибар од 57 милиметри опремени со запалки со далечинско активирање, и ги детонира во тесен временски интервал. Благодарение на огромната концентрација на гелерите кои се создаваат по нивната експлозија овој топ може од небо „да симне“ цела армија дронови.
Кога станува збор за ефективниот дострел на муницијата која се применува на самоодното противвоздушно оружје „Деривација-ПВО“, тој е во рангот на натовските противтенковски ракети UMTAS со ласерско наведување, а исто така и со управливи воздушни бомби Roketsan MAM-C и MAM-L, кои на Блискиот Исток ги употребува турското воено воздухопловство (бпл Бајрактар, забелешка на преведувачот).
Боев модул АУ-220М
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netЕдна од карактеристиките на автоматскиот топ АУ-220М кој е основно вооружување на новиот самооден систем за ПВО „Деривација“ е неговата модуларност. Едноставно кажано, овој топ заедно со својот модул без екипаж може да се инсталира како на тешка техника во вид на оклопни гасенични платформи со маса од десетина тони, така и на борбени возила на пешадијата или извидувачки возила БРМ-3К.
„Постои верзија на овој топ и за потребите на транспортната авијација. Овој модул може да се постави на воено-транспортните авиони Ил-76 и Ан-12 врз основа на што се добиваат летачки топови кои се во класата на американскиот аналог С-130 „Херкулес“. За овие авиони топовите АУ-220М ќе се произведуваат со калибар од 30 и од 105 милиметри“, вели неименуваниот извор од рускиот военоиндустриски комплекс за Russia Beyond.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче