На интернет-ресурсите се појави фотографија на руски ударно-извидувачки хеликоптер Ка-52 „Алигатор“ како лансира нова наведувана суперсонична ракета од класата „воздух-земја“ 9М127-1 „Виор-1“. Основната намена на овој хеликоптер е борба против тенкови, оклопна и друга борбена техника, непријателска жива сила, хеликоптери и други воздушни објекти, на предниот крај на одбраната и тактичката длабина на фронтот, во сите временски и климатски услови.
Ка-52 „Алигатор“ лансира нову навођену суперсоничну ракету класе ваздух-земља 9М127-1 „Вихор-1 pic.twitter.com/L7vK7Lkozl
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) November 23, 2020
Ракетата „Виор-1“ 9М127-1 е наменета за борба против најсовремени основни борбени тенкови и друга оклопна техника и фортификации, воздушни и поморски цели на далечини од 8 км. Може да погоди цели кои се движат со брзина од дури 800 км/ч. Оваа брзина едноставно не може да ги спаси бидејќи ракетата „Виор“ на нејзиниот пат развива суперсонични вредности со брзина од 610 м/сек¹. Според овој параметар, секако станува збор за една од најбрзите противтенковски ракети на светот. Благодарение на подобрената борбена ефикасност на ударниот хеликоптер, самата зона на нејзиното лансирање ја намалува опасноста од непријателски средства за противвоздушна одбрана.
Наведувањето на ракетата се изведува со помош на автоматски нишански систем. На оддалеченост од 12 километри од забележаната цел, операторот што работи на комплексот вклучува телевизиско скенирање на теренот.
„Кога следениот објект влегува во зоната на скенирање на целта, системот автоматски ја презема функцијата за зафаќање на целта и на операторот му останува само да го притисне копчето за лансирање на ракетата. Овој модус на гаѓање во пилотскиот жаргон се нарекува „откриј-лансирај-заборави“, вели операторот на борбено-извидувачки хеликоптер Ка-52 Андреј Соколов. Треба да се напомене дека ракетите „Виор-1“ беа тестирани во борбени услови на експлоатација во Сирија.
Процените се дека понатамошното унапредување на овој ракетен систем ќе биде остварено со воведување на модернизираната верзија на хеликоптерот која ја носи ознаката Ка-52М „Супералигатор“, каде комплетната развојна работа се реализира преку проектот за модернизација „Авангард“.
Што се однесува до конкретните работи кои ќе бидат имплементирани во проектот „Авангард“, руските конструктори посебно внимание ќе посветат на зголемувањето на оклопноста на самото летало. Друга важна работа ќе биде зголемувањето на техничките способности на оптоелектронскиот и нишанскиот систем кои се наоѓаат во опремата на овој хеликоптер. Вториот систем ќе мора да исполни исклучително изискувачки тактичко-технички критериуми како што се откривање и следење на цели на растојанија од неколку десетици километри. Ова навистина ќе биде револуционерен исчекор бидејќи во денешно време оптоелектронските уреди можат да ја овозможат оваа способност на далечини од најмногу 10 километри.
Комплексот на наведувано оружје „Виор-М“ е составен дел на хеликоптерот Ка-52 „Алигатор“. Овој хеликоптер може да носи до 12 суперсонични ласерски наведувани ракети 9М127-1 „Виор-1“, кои се специјално проектирани за борба против современите тенкови. Пробојноста на тандем-кумулативната боева глава со која е опремена ракетата „Виор-1“ се проценува на 1000-1200 мм хомогена челична плоча заштитена со реактивен оклоп. Ефективната зона на употреба на оваа ракета е од 0,5-8,0 км. Треба да се напомене дека Дмитриј Тарасов, кој ја извршува функцијата прв човек на концернот „Калашников“, неодамна изјави дека ракетните инженери на овој концерн работат на подобрување на самата ракета, што ќе го зголеми нејзиниот ефективен дострел на 10 илјади метри.
Нејзината најважна карактеристика е исклучителната брзина која ја постигнува при летањето и која достигнува 610 м/сек. (американскот пандан AGM-114 Hellfire лета со брзина од „само“ 420 м/сек.) За да се објасни сликовито колку е брза оваа ракета, треба да се наведе и брзината на ракетата „Маљутка“ (120 м/сек.) или ракетата 9М111 која се лансира од ракетниот систем „Фагот“ (200 м/сек.).
Ка-52 „Алигатор“е борбено-извидувачки хеликоптер кој е наменет за борба против тенкови, оклопна и друга борбена техника, непријателска жива сила, хеликоптери и останати воздушни објекти, на предниот крај на одбраната и тактичката длабочина на фронтот, во сите временски и климатски услови. Опремен е со современа авионика која е во спој со респектабилно вооружување. Го движи силен мотор са коаксијална елиса што на „Алигаторот“ му обезбедува одлични маневарски карактеристики кои вклучуваат изведување сложени летечки фигури. Покрај тоа, Ка-52 е опремен и со систем за радиоелектронска заштита, апаратура за намалување на топлотната рефлективност, како и со средства за активна заштита од лесни преносни системи за ПВО.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче