Министерството за одбрана на Русија ги доби сите порачани хеликоптери Ка-52

Виталиј Тимкив/Sputnik
Министерството за одбрана на Русија ги доби сите борбени извидувачко-ударни хеликоптери Ка-52 „Алигатор“ чија испорака беше планирана за оваа година. Договорот е реализиран во предвидениот рок.

Во овој момент леталата се подготвуваат за испраќање во одредени бази. Ова го соопшти службата за односи со јавноста на холдингот „Хеликоптери на Русија“.

Ка-52М доби нова опрема. Тоа е модернизираниот оптичко-електронски систем со зголемен домет на откривање и препознавање на цели, како и нови нов дигитален погон кој овозможува зголемување на прецизноста на гаѓање од топот. Покрај тоа, хеликоптерот е вооружен со наведувана ракета со зголемен дострел и опремен е со современ радарски систем со активна фазна антенска решетка.

Модернизираниот хеликоптер може да се користи во широк температурен опсег, вклучувајќи ги и арктичките услови, лопатките на главниот ротор се опремени со моќен греен елемент. И тркалата на шасијата станаа поотпорни и потрајни. Заменета е и пилотската кабина, така што пилотот може да лета во мрак со соодветни очила.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња