Развојот на советските тенкови со пламенофрлач АТО-41 започна пред 80 години

Споменикот во Симферопол

Споменикот во Симферопол

CC BY-SA 3.0
АТО е ознака за тенковски пламенофрлач. Ова оружје се вградуваше на тенковите Т-34. Фрлачот на пламен гореше сé пред себе на растојание од 130 метри. За време на Втората светска војна тенкот Т-34 кој имаше вграден АТО беше наречен „Змејот Горинич“ (триглав змеј од руските бајки).

Работите на поставување пламенофрлачка опрема започнаа уште во дваесеттите години на минатиот век. Првиот пламенофрлач е создаден 1932 година. Меѓутоа, неговиот работен модел не го издржа првото тестирање. По битката на Халкин Гол советските инженери добија наредба да создадат фрлач на пламен со домет на исфрлување нелеплива мешавина за горење од најмалку 80 метри. Пламенофрлачот притоа мораше да води сметка да не ги зафати помалите борбени оддели на тенкот. 

На 3 август 1940 година за фрлачот на пламен АТО-41 е избрано барутно полнење. На тестирањето дометот на исфрлање на леплива и нелеплива мешавина за гориво изнесуваше 120-140 метри, односно 75-90.  

До крајот на годината беа извршени тестирања на пламенофрлачот на тенкот ХТ-133. Планирано е опремување со пламенофрлачи и на тенковите ХТ-133. Меѓутоа, потоа се запре на дометот на исфрлување пламен од најмалку 90 метри на тенковите Т-50 и Т-34.

Така е и создаден ОТ-34, советскиот среден тенк пламенофрлач од Втората светска војна. Од оригиналниот Т-34 се разликуваше по тоа што беше вооружен со фрлач на пламен АТО-41. Беше поставен на местото на фиксираниот митралез. Благодарение на тоа, конструкторите го задржаа топот со калибар 76 милиметри. Беше намален и екипажот – на три члена.

ОТ-34 е развиен 1941 година, а во сериско производство е пуштен веќе наредната година. Тенковите-пламенофрлачи беа произведувани до 1944 година. Вкупно 1170 примероци. А од 1943 година се започна со поставување на унапредената верзија на пламенофрлачот АТО-42 на ОТ-34.

Мешавината во тенкот беше истрелувана под голем притисок. Огнот ја уништуваше на својот пат сета жива сила на противникот. Тенковите со пламенофрлач му влеваа страв во коски на непријателот.

Пламенофрлачките тенковски баталјони и полкови беа користени главно при нападите врз утврдени зони и населби заради уништување на непријателската жива сила и неговите огнени средства во засолништа и утврдени објекти.

АТО-41 имаше домет на исфрлување на пламен на нелеплива мешавина од 80 до 90 метри, а на леплива од 120 до 130. Волуменот на комората беше 1,8 литри, а потрошувачката на мешавина при истрелување 15 литри.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња