Руски научници создадоа вештачка интелигенција која ќе им биде од помош во дијагностицирањето коронавирус, пишува RT, повикувајќи се на Националната технолошка иницијатива (НТИ).
Платформата „Антикорона“ ќе биде една од можностите на услугите во облак. Користејќи алгоритми на вештачка интелигенција, таа ги анализира снимките добиени со компјутерска томографија, магнетна резонанца и позитронска емисиска томографија, им помага на лекарите во поставувањето дијагноза и предлага план за лекување за секој пациент.
Развојните програмери објаснуваат дека можностите на оваа технологија се и пошироки. Таа може да им помогне на лекарите да дијагностицираат цела низа болести на градниот кош.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче