„Екипажите исполнуваа задачи за летање во услови на минимална висина на облаците околу сто метри и при видливост околу два километри. Во такви услови пилотите се принудени да слетуваат врз основа на инструментите, не земајќи ги предвид ориентирите на земја“, се наведува во соопштението.
Врз база на овој авион се направени мноштво модификации, вклучувајќи го и противпожарниот Ил-76М кој во краток временски период може да стане товарен, авионот за оддалечено радарско откривање А-50, авионот-цистерна Ил-78, медицинскиот Ил-76МД „Скалпел“, кој има три медицински модули во функција на предоперативно, оперативно и одделение за интензивна нега, Ил-76МДК „Космос“ за обука на космонаути во услови на бестежинска состојба, летечката лабораторија Ил-76ЛЛ за тестирање на авионски мотори.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче