Експериментот беше изведен во новата емисија „Военаја пријомка“ (Военная приемка) посветена на армиското баги. Модифицираниот теренец „Тигар“, претворен во баги, беше превртен на бок, а потоа вратен на тркала. Целта беше да се проверат неговата носечка структура, конструкцијата, распоредот на товар и суспензијата.
Обичните автомобили и борбените возила ретко се тестираат на овој начин, но багито е дизајнирано за брзо возење, има релативно мала маса и амортизери со пружини, што сé заедно потенцијално може да предизвикаат неочекувани последици.
Лаковите над седиштето се проектирани како задолжителен дел од конструкцијата на секое баги. Тие имаат безбедносна функција, но во уште поголема мера ја обезбедуваат цврстината на конструкцијата. Така, во овој ризичен експеримент, беа проверени и едното и другото.
Багито полека беше превртено со помош на сајли од двете страни. Патем е прикажано рамното дно на возилото, кое со ништо не може да се закачи за нерамнина на патот. Од земја е подигнато 400 милиметри, што е значително повеќе од другите слични возила, така што багито „Тигар“ поминува таму каде што другите возила не можат.
Лостовите и зглобовите на суспензијата добро ги издржаа петте тони товар во навалена положба. Кога багито повторно беше вратено на тркала, запали од прва и тргна без никакви проблеми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче