Најстрашното оружје на Африка: MilitaryWatch го коментира гаѓањето од „Искандер“ во Алжир

Гаѓање со балистичка ракета од оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“

Гаѓање со балистичка ракета од оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Војската на Алжир првпат го претстави оружјето што неодамна го набави од Русија: оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер“. Снимката од лансирањето балистичка ракета е објавена на интернет.

Се смета дека „Искандер“ е најмоќната тактичка балистичка ракета на светот, пишува MilitaryWatch. Извезен е само во Алжир и Ерменија, додека Северна и Јужна Кореја на пазарот претставија многу слични модели.

Ракетата „Искандер“ има дострел од 500 километри, воените стручњаци ја ценат поради прецизноста и брзината, маневарските способности и непредвидливата траекторија, која оневозможува нејзино пресретнување.

Алжирската војска го набави системот по судирите на војската на Мароко со бунтовниците, при што снимка од лансирање на ракета ја пренесуваше националната телевизија. „Искандер“ е најсовременото и најсложено оружје од својата класа во Африка. Оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер“ е исто така еден од системите на вооружување од највисока класа кои оваа земја во последно време ги има набавено од Русија. Тоа се исто така и противвоздушните системи С-400 „Триумф“, неколкуте стотици тенкови Т-90, ПВО-системите „Панцир“ и подморниците од модернизираниот проект „Варшавјанка“. Алжир одлучи да го обнови своето вооружување по нападот на НАТО врз соседна Либија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња