Авионот беше пренесен на 6 ноември од монтажниот завод во одделението за тестирање на летањето на Иркутскиот авијациски завод.
Пред првиот лет, специјалистите ќе ги проверат системите на авионот, ќе го тестираат со различна брзина при движење околу аеродромот, но исто така ќе работат и на земно стартување на моторите, пишува ТВ „Ѕвезда“.
MС-21 (магистрален авион на XXI век) е проект за создавање на цела фамилија авиони од нова генерација кои се ориентирани кон најпопуларниот сегмент на светскиот пазар на авиотранспорт. Во рамки на програмата во моментов се развиваат авионите MC-21-300 (160-211 места) и MC-21-200 (130-176 места).
Моторот ПД-14 развиен од „Пермски мотори“ беше сертифициран во 2018 година. Тоа ќе биде првиот уште од 1980-тите целосно руски турбофан мотор за цивилна авијација. Првиот авион под чие крило ќе биде инсталиран ПД-14 е МС-21. Во моментов, руските патнички авиони летаат со мотори „Прат и Витни“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче