На уникатниот авион-амфибија потсети колумнистот на американското списание „Национален Интерес“ (The National Interest) Мајкл Пек.
Хидроавионите на почетокот на 20 век беа сметани за кралеви на небото. Тие активно беа користени во Втората светска војна за извидување, наведување на артилериски оган и спасувачки операции. По 1945 година овие возила полека беа потиснати од млазните, со поголем радиус на дејство.
Во СССР проектот М-70 што го понуди Опитно-конструкторското биро „Мјасишчев“ не беше само хидроавион-бомбардер способен да носи нуклеарно оружје, туку и суперсоничен авион кој достигнуваше брзина од 1,7 до 2,4 илјади километри на час. Притоа една од верзиите беше во состојба да истрелува крстосувачки ракети од висина од 21 километар, а друга од 15 километри висина.
Повикувајќи се на книгата на Ефим Гордон и Сергеј Комисаров за нереализираните проекти на авиони во периодот од 1925 до 2010 година, Пек ги наведува задачите кои беа наменети за М-70. Така, авионот требаше да изведува напади со крстосувачки ракети или конвенционални бомби врз непријателски бродови во сите временски прилики и доба на денот од разни висини, како и врши извидување и одредува цели за подморниците. Треба да се напомене дека хидроавионот имаше можност за полнење гориво од подморници.
Притоа конструкцијата на М-70 беше многу софистицирана, аеродинамичен авион со два мотора во горниот дел на крилата. Специфичноста ја претставуваше одниот дел, три хидроскии кои се вовлекуваа, една во предниот дел, две под крилата, како и подводното крило за вовлекување под трупот. Екипажот на авионот го сочинуваа три члена.
Развојот на проектот беше попречен од развојот на суперсоничните бомбардери со копнено базирање кој се одвиваше во самото конструкторско биро „Мјасишчев“. Покрај тоа, потреба од стратешки бомбардери-амфибии како и во многу други егзотични проекти на авиони, исчезна со појавата на балистичките ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче