Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека руската воена техника е ненадминлива. Според него, одделни руски модели уште долго време ќе се наоѓаат на чело на најсовремената светска воена техника. Ова тој го изјави на состанокот со раководството на Министерството за одбрана на земјата и претпријатијата од воената индустрија.
„Според низа модели на стратешко вооружување нашата земја е далеку пред другите водечки воени сили во светот“, рече Путин.
Претходно рускиот лодер изјави дека Русија е подготвена најновото вооружување да се опфати со спогодба со САД. Шефот на руската држава исто така рече дека новото вооружување во Русија се појавило како одговор на излегувањето на САД од договорот за ограничување на системите за противракетна одбрана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче