На фотографијата може да се види онеспособен повеќецевен ракетен лансер од советско производство БМ-21 „Град“ кој се наоѓаше во состав на единиците на непризнаената Република Нагорно-Карабах. Ова средство е погодено со дејство на ударно-извидувачко беспилотно летало, кое судејќи според сликите, не го уништило целосно, затоа што не дошло до активирање на артилериските гранати со калибар 122 мм кои се наоѓаат во неговото вооружување.
Онеспособљени али не и дефинитивно уништени совјетски влр БМ-21 "Град" из састава Војске Арцаха који је погођен од стране азербејџанске бпл. pic.twitter.com/fwJe6bPmu6
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) November 9, 2020
Инаку, во најновиот конфликт на подрачјето на јужен Кавказ, двете страни применуваат артилериско-ракетни средства од овој тип. Според податоците на специјализираното издание Military Balance 2019 ерменската армија располага со повеќе од 50 вакви повеќецевни ракетни лансери, додека Азербејџан има за нијанса помалку – 43 прл БМ-21 „Град“. Според податоците на азербејџанското Министерство за одбрана, неговите сили ги уништиле практично сите повеќецевни ракетни лансери од овој тип кои се наоѓаа во единиците на непризнаената Република Нагорно Карабах вклучувајќи ја и ерменската армија.
БМ-21 „Град“ е советски самооден повеќецевен ракетен лансер кој влезе во вооружувањето на советската армија уште во 60-тите години на минатиот век. Меѓутоа и денес ова средство е незаменливо кога треба брзо и со голема густина на оган да се дејствува по отворени концентрации на непријателски сили кои се состојат од жива сила и лесна оклопна борбена техника. Неговата примена е регистрирана во конфликтите во Сирија, Нагорно Карабах, Донбас...
БМ е кратенка од „боеваја машина“ (рус. боевая машина), или во превод „борбено возило”. Познат е под прекарот „Град“. Според кодификацијата на НАТО, се означува како M1964. Неколку земји по лиценца самостојно го произведуваа ова орудие, но и врз основа на него развиваа слични системи.
Артилериската ракета што ја користи е долга 2,87 метри и во зависност од нејзиниот тип носи боева глава и до 20 кг. Ефективниот дострел на оваа ракета за базичната верзија на овој лансер е околу 20000 метри. Група од 18 повеќецевни ракетни лансери е во состојба за малку повеќе од 20 секунди истрела и до 720 ракети, креирајќи импресивна густина на оган на тесен простор.
Инаку, рускиот воено-индустриски комплекс врз основа на овој систем разви негова модификација со ознака 9К51М „Торнадо-Г“. Основната разлика во однос на базичната верзија 9К51 „Град“ се однесува на далеку поквалитетно решениот систем за управување со огнот кој е поврзан со сателитска навигација и компјутер кој ги прави балистичките пресметки за гаѓање, што овозможува значително намалување на подготовката за напад која се одвива во автоматски режим на работа. Модернизираното орудие 9К51М „Торнадо-Г“ во својот арсенал има и нова муниција со калибар 122 мм (вклучувајќи и модели кои врз целта паѓаат со помош на стабилизирачки падобран), која е дури 6-10 пати поефикасна во однос на стандардните ракети 9М22У кои ги користи овој систем. Вкупно се направени три типа муниција за модернизираниот ПРЛ 9К51М „Торнадо-Г“. Дострелот на ракетите според различни извори ќе биде практично двојно поголем од основната верзија на артилериско-ракетниот систем БМ-21 „Град“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче