Фабриката АвтоВАЗ се подготвува да изведе модернизација на линијата В0, соопшти групата AvtoVAZ News на социјалната мрежа „Вконтакте“. Се очекува дека по реконструкцијата ознаката Lada ќе можат да ја носат новите модели со погон на сите тркала, на пример Lada 4x4 од новата генерација.
Суштината на „преуредувањето“ на линијата е во тоа потполно да се промени технологијата на склопување, т.е. таа да се позајми од фабриката Renault-Россия во Москва. Таму сите елементи на шасијата, моторот со менувач и ладилникот се монтираат на посебни подвижни платформи, по што готовиот долен дел на автомобилот се праќа на лета и таму се спојува со каросеријата.
Така ќе се поедностави и забрза процесот на склопување и ќе можат да се прават автомобили со погон на две тркала и на сите тркала. Засега АвтоВАЗ допрва се подготвува за реконструкција, а во меѓувреме автомобилите Lada се склопуваат по стара технологија, т.е. одделни склопови се монтираат одделно на лента. Планирано е обновената линија да се појави 2023 година.
Во моментов на линијата В0 се склопуваат моделите Lada Largus, XRay, како и Renault Logan и Sandero. Минатата недела на лента првпат беше забележан Largus со ознаката FL, кој ќе се појави на пазарот догодина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче