ВИДЕО: Испорака на нова партија тенкови Т-72Б3

Скриншот
Модернизираните тенкови Т-72Б3 беа натоварени на платформи и испратени по железница во воените единици.

Информативната служба на фабриката „Уралвагонзавод“ (дел од корпорацијата „Ростех“) објави видеоснимка од испраќање тенкови во воените единици.

Модернизирани се практично сите системи на тенкот Т-72Б3. Вградени им се нови мотори, а покрај тоа и современи системи за управување со огнот со автоматско следење на целта, така што се скратува времето за подготовка на операторите кои го наведуваат проектилот на целта, а ефикасноста на стрелбата притоа не е намалена. Покрај тоа, се појави камера од задната страна и дисплеј на командната табла за управување.

„Уралвагонзавод“ ги изведе сите работи поврзани со комплетното сервисирање и модернизацијата на тенковите Т-72Б и ги унапреди во модел Т-72Б3. По заедничкото тестирање е извршено примопредавање и сега тенковите се транспортираат во соодветните воени единици.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња