Како што соопштува прес-службата на Западниот воен округ за Балтичката флота, меѓу задачите на морнарите е одработување локализација и гаснење пожар во бродските отсеци, како и запечатување дупки во трупот и запирање на навлегување на вода во пловилото.
УТК „Каспиј“, каде што се одвиваат вежбите, се состои од простории кои се имитација на различни бродски внатрешни одделенија. Тоа создава услови, максимално блиски до реалната состојба: и огнот, и водата се потполно вистински.
На обуките за гаснење на пожар се активираат запаливи куршуми и се предизвикува оган. Војниците тренираат херметизација на запален отсек, локализација на пожар и ликвидирање на изворите на пожар во најкус можен рок. При навлегување на вода низ дупките се поставуваат специјални лепенки и се испумпува водата што влегла во отсекот.
Вакви обуки се одржуваат редовно во морнарицата со цел сите да ги подобрат своите навики на дејствување во екстремни ситуации, истакнува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче