Магазинот „Национален Интерес“ пишува дека е во прашање голем пловечки самооден топ и истовремено истакнува дека „Спрут“ е нешто помеѓу тенк-амфибија и ловец на тенкови.
„Благодарение на големиот топ со калибар 125 мм тој може да испукува исти проектили како и главните руски тенкови, на пример Т-14 или Т-90, што ја олеснува логистиката“, пишува американскиот магазин.
Како една од предностите на самоодното артилериско орудие се наведуваат неговата леснотија и мобилноста, затоа што конструкцијата е направена со примена на алуминиум. „Спрут“ е тежок само 18 тони, додека, колку за споредба, главниот американски тенк M1 „Абрамс“ е тежок преку 60 тони.
Возачот на „Спрут“ може да ја крева и спушта хидропневматската суспензија и на тој начин да ја подобрува подвижноста на нерамен терен или заштитеноста во одбранбена позиција. Таквата суспензија делумно го амортизира трзајот на моќното орудие. Покрај тоа, „Спрут“ има и митралез ПКТМ „Калашников“ со калибар 7,62 мм.
Топот може да уништува непријателски тенкови, згради и објекти и да ѝ дава поддршка на пешадијата на бојното поле. Двете водни пумпи ѝ помагаат на оваа машина на површината на водата да развива мошне голема брзина.
„Спрут-СД“ е навистина моќно противтенковско средство“, заклучува „Национален Интерес“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче