Како американската пушка AR-15 се препороди во ново руско оружје

Михаил Дегтјаров/kalashnikov.ru
Пиштолот-карабин ТК509 со калибар 345 ТК е полуавтоматско оружје со слободен затворач.

На пазарот се води како оружје со мазна цевка поради новиот куршум 345 ТК и поради тоа што цевката со должина од 305 милиметри има еден дел со жлебови кои го завртуваат куршумот и на тој начин ја стабилизираат неговата траекторија. 

Оружјето го произведуваат компаниите „Molot Arms“ и „Техкрим“ од Вјатски Полјани (800 км источно од Москва). Првото претпријатие ги произведува цевките од  авионски алуминиум за 345 ТК, а второто го склопува, хромира и го нанесува заштитно-украсниот слој.

Според професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин, ТК509 е во идејна смисла продолжение и развој на американската платформа AR-15 која претставува најголема конкуренција на автоматите „Калашников“ на пазарот за стрелечко оружје.

„Последниве 50 години се водат расправи за тоа кој автомат е подобар, АК или AR-15. Кога по 2014 година беа воведени ограничувања во испораката на американските пушки, одделни руски компании купија лиценца за производство на AR-15 и други модели засновани на платформата на овој карабин. И така, TK509 е во идејна смисла продолжение на американскиот модел во модерна руска изведба“, вели експертот.

Во конструкцијата на ТК509 е искористен голем број делови на стандардната AR-15, т.е. сите елементи за држење на оружјето, делови на механизмот за повлекување и ударната игла.

Оружјето е направено и за десна и за лева рака. Стрелецот може самиот да ја прилагоди рачката за повлекување на затворачот да биде од десната или левата страна.

ТК509, за разлика од серијата АК, нема „класични“ механички нишански справи. За монтажа на која било оптика или механички нишан (зарез/мушица) се предвидени Пикатини шини на сандакот со ракофатот и алуминиумски преден ракофат.

Еден ТК509 во моментов чини околу 1300 долари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња