Јуришен хеликоптер Ка-52 „Алигатор“ за време на „Авиадартс-2019“ во Краснодарскиот крај
Виталиј Тимкив/SputnikПрвично, хеликоптерската авијација се сметаше за помошна: нејзините задачи беа транспорт на товар, корекција на оган и извидување. Денес, армиската авијација на Русија, чие вооружување се смета за едно од најдобрите во светот, вклучува неколку илјади хеликоптери наменети за најразновидна употреба. Во чест на празникот руското Министерство за одбрана објави видео посветено на пилотите на воените хеликоптери, во кое се прикажани најмодерните борбени машини на армиската авијација.
Задачите на авијациската поддршка на сите воени формации им се доделени на хеликоптерите Ми-8, Ми-24, Ми-26, Ми-28, како и на Ка-52, кои се достапни и во палубна верзија.
Како што изјави началникот на армиската авијација во руските Воздушно-космички сили полковник Игор Романов, авијациските формации и единици учествувале во повеќе од 840 настани за основна борбена обука. Просечното време на летање на пилотите на хеликоптери беше околу 100 часа, забележува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче