Во срцето на пеколот: Како пилотите во Сирија не ги оставаат своите воени другари на цедило? (ВИДЕО)

Во Сирија борбените хеликоптери стрелаат од исклучително мали височини, само неколку десетици метри над земјата, движејќи се со брзина од речиси 200 километри на час за да ги намалат шансите да се најдат на нишанот на минофрлачитте.

Од сириската воздухопловна база Хмејмим полека се крева кон небото повеќенаменски Ми-8 само неколку минути по знакот за тревога. Ако некаде брзината е решавачкиот фактор при исполнувањето на борбената задача, тогаш тоа пред сé важи за армиската авијација (род на копнената војска кој служи исклучиво за воздушна поддршка на трупите), пишува ТВ „Ѕвезда“.

Доволно е само еднаш да се седне во хеликоптер со кој управува пилот на мешовитиот авијациски полк за посебна намена па да сфатите дека овде ги примаат само најдобрите. Во Сирија борбените хеликоптери гаѓаат од исклучилтено мали височини, само неколку десетици метри над земјата, движејќи се со брзина од речиси 200 километри на час. Тоа не е каприц, туку животна неопходност, затоа што во секој момент можат да се најдат на нишанот на минофрлачите.

Пред пет години токму хеликоптерите на армиската авијација тргнаа во потрага по екипажот на соборен Су-24. Тогаш го спасија навигаторот Константин Мурахтин. Пилотите се наоѓаа на територија под контрола на терористите, изложени на непрекинат оган. Евакуацијата на ранетите е еден од главните елементи на обуката на екипажите на хеликоптерите и припадниците на специјалните спасувачки одреди.

Пилотите на армиската авијација во секој момент се подготвени да тргнат во срцето на пеколот. Изминатата есен екипажите на хеликоптерите се бореа против шумските пожари во провинцијата Латакија во Сирија. Пилотите работеа во чад, меѓу струите врел воздух што се издигаше од земјата, но успеаја да ги заштитат селата и старите кедрови шуми, повторно покажувајќи дека припаѓаат на највисоката класа.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња