Опремата е наменета за заштита на објекти од недозволен упад на дронови. Дометот на детекција на летала изнесува од 150 до 500 метри.
Со помош на модулот ќе може да се детектираат вонредни ситуации, кршење на законот, масовни собирања на луѓе според карактеристичниот звук. Ќе може да се употребува во системот „Безбеден град“ и во индустриските системи за безбедност.
Новата опрема ќе може да биде интегрирана со системот за радиобранова детекција и попречување на дронови Атака-DBS кој исто така го осмислија стручњаците на тоа претпријатие. Во случај модулот за акустично извидување да открие дрон што лета во автономен режим, Атака-DBS ќе ги блокира каналите за сателитска навигација на непосакуваниот апарат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче