Најмоќниот мразокршач на светот „Арктик“ влезе во состав на руската нуклеарна флота

MIT Russia/via Globallookpress.com
Најмоќниот на светот мразокршач на нуклеарен погон „Арктик“ од проектот 22220 денеска службено влезе во состав на руската нуклеарна флота.

Државното знаме на Руската Федерација беше подигнато на мразокршачот во присуство на премиерот Михаил Мишустин. Потврдата за примопредавање ја потпишаа генералните директори на „Атомфлот“ Мустафа Кашка и „Балтички завод“ Алексеј Кадилов, пренесуваат руските медиуми.

Нуклеарните мразокршачи од проектот 22220 се најголемите и најмоќните на светот. Овие мразокршачи ќе водат каравани бродови во арктички услови, пробивајќи мраз со дебелина од три метри. Тие ќе можат да им обезбедат премин на бродовите со фосилно гориво од наоѓалиштата на полуостровите Јамал и Гудан и од крајбрежниот појас на Карското море на пазарите на земјите од Азиско-Тихоокеанскиот регион.

Должината на бродот е 173,3 метри, ширината 34 метри, а депласманот 33,5 илјади тони.

Мразокршачот „Арктик“ по испитувањата минатата недела пристигна во матичното пристаниште Мурманск. За три недели тој помина околу 4,8 илјади наутички милји и стигна до Северниот пол.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња