ВИДЕО: Најсеверната руска воена база истрела крстосувачка ракета

Министерството за одбрана на Русија објави видеоснимка од лансирање на ракета „Оникс“ од крајбрежен систем „Бастион“ од најсеверната воена база во земјата – „Арктичка детелинка“, која се наоѓа на островот Земјата на Александра.

Гаѓањето го изведе единица на Северната флота, а цел беше брод-мета кој се наоѓаше во Баренцовото море 200 километри од местото на лансирање. Истрелувањето на ракетата беше реализирано во рамките на контролната проверка на единиците на Северната флота по летниот период на обука.

Базата „Арктичка детелинка“ е најновата и најсеверна база во составот на руската војска. Се наоѓа на архипелагот Земјата на Франц Јозеф, далеку зад Северниот поларен круг и е во употреба од 2017 година. Главна цел на базата е да обезбеди противвоздушна одбрана. На островот се наоѓа аеродром кој може да ги прими сите типови авиони. Тука, исто така, се распоредени и противбродски ракетни системи.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња