„Контраиндикации за вакцината против коронавирус се: преосетливост на компонентите на вакцината; тешки форми на алергиски болести; реакција или компликации по претходно примање на вакцината; акутни инфективни и неинфективни болести, хронични болести во акутна фаза - вакцинацијата се спроведува најрано еден месец по закрепнувањето или ремисијата; кај благи акутни респираторни вирусни инфекции и акутни инфективни болести на гастроинтестиналниот тракт вакцинацијата се спроведува по нормализирање на температурата; имунодефициенција (примарна); малигни заболувања на крвта и тумори“, се наведува во соопштението.
Покрај тоа, не смеат да се вакцинираат бремени жени и доилки, како и деца на возраст под 18 години, соопшти службата за односи со јавноста.
Вакцината на центарот „Вектор“ се очекува да биде регистрирана на 15 октомври.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче