Севернокорејската армија прикажа ПВО-систем што личи на рускиот С-400

Скриншот
Американскиот веб-портал Military Watch смета дека прикажаниот ПВО-систем, кој неодоливо потсетува на рускиот С-400, е еден од најзначајните новитети во вооружувањето на севернокорејската армија. Сепак тоа засега е орудие со голем број непознати, бидејќи сé уште не се знае ни неговото официјално име. Се претпоставува дека неговиот максимален хоризонтален дострел е 250 км и дека во однос на својот претходник KN-06 (Pyongae-5) има понапредни типови боеви глави кои ја наведуваат ракетата на целта.

Неименуваниот ракетен ПВО-систем е еден од многубројните новитети кои севернокорејската воена индустрија ги претстави на големата воена парада по повод 75-годишнината од основањето на Работничката партија на Кореја. Покрај овој систем најголемо внимание привлекоа интерконтиненталната балистичка ракета „Хвасонг-15“, новиот основен борбен тенк, тактичките ракетни и артилериски системи, новите типови униформа и друга опрема за пешадиските единици.

Што се однесува до ПВО-системот со голем дострел, тој во голема мера наликува на познатиот руски ПВО-систем С-400 „Триумф“ и според американскиот сајт MilitaryWatch претставува еден од најзначајните новитет кои се појавија во вооружувањето на севернокорејската армија.

Основното вооружување на ПВО на Северна Кореја се потпираше на домашната верзија на ракетниот систем С-300 која ја носи ознаката KN-06 (Pyongae-5). Овој систем првпат ѝ беше прикажан на јавноста на воената парада пред точно 10 години по повод истиот настан. На камионска платформа се наоѓаат два контејнера со ракети „земја-воздух“ со ефективен дострел од 160-180 километри. Претпоставката е дека овие системи влегле во оперативно борбено дежурство во 2016/2017 година.

Новиот ПВО-систем што можевме да го видиме на воената парада визуелно наликува на рускиот ракетен ПВО-систем со долг дострел С-400 „Триумф“. Заедно со самоодните транспортно-лансирни возила кои имаа по четири ракети, прикажани се и самоодни радари чиј начин на функционирање не е познат. Имено, рускиот С-400 употребува радари кои функционираат во различни дијапазони, додека, на пример, американскиот пандан „Патриот“ користи радар со значително поедноставен систем за детекција на воздушни цели. Исто така, сé уште не е познато дали овие ракети се наведуваат на целта со помош на топлинска или радарска глава. Конечно, не се знае ни името на прикажаниот систем, така што неговите основни тактичко-технички способности можеме да ги дознаеме дури откако конечно ќе се обелодени за кое конкретно орудие се работи“, пренесува веб-порталот РГ.

Ако се тргне од претпоставката дека руските ПВО-системи С-300В4 и С-400 се во состојба да соборуваат воздушни цели на далечини и до 400 км, кинескиот HQ-9B на далечини до 300 км, тогаш за оваа корејска верзија може да се смета дека би можела достигне хоризонтална граница до максимум 250 км. Бројот на цели кои истовремено можат да се нападнат како ни максималниот број на ракети кои притоа се лансираат врз зафатените цели исто така остануваат непознаница.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња