Новинарот на телевизиската станица „Ѕвезда“ Алексеј Кошкин престојуваше во тенкот и покажа како изгледа однатре возилото наменето за гаснење пожари. Противпожарниот тенк беше користен во Рјазанската област при гаснењето на пожарот во магацинот за муниција.
Противпожарните тенкови се склопени на тенковска шасија. Војската ги употребува кога треба да му се пријде сосем близу на жариштето на пожарот затоа што обичните возила што се користат за таа цел не се доволно безбедни. Откако ќе навлезе во срцето на пеколот противпожарниот тенк испушта десетици метри долг силен млаз вода, способен да угасне секаков пламен.
Екипажот е сигурно заштитен со оклоп, кабината во која се наоѓаат луѓето е херметички затворена и има топлотна изолација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче