„Адмирал Чабаненко“
Public domain / Mass Communication Specialist 2nd Class Andre RhodenКако што се наведува, таквите бродови му беа потребни на Советскиот Сојуз заради заштита од подморници на тешките авионосечки крстосувачи „Киев“ и тешките нуклеарни крстосувачи „Киров“. Главниот брод од проектот 1155 „Удалоj“ имаше депласман од 6849 тони, максимална брзина од 30 јазли и носеше два противподморнички хеликоптери Ка-27. Бродот имаше такви можности кои беа во состојба да им предизвикаат кошмари на капетаните на американските подморници, пишува авторот на текстот.
Меѓу нив ги наведува двата четирикратни лансирни уреди на системот „Раструб-Б“. Овие ракети ги надминуваа според дострелот торпедата поставени на НАТО-подморниците.
Бродот беше опремен со два артилериски системи со калибар 100 мм, моќна противвоздухопловна артилерија и друго оружје. СССР изгради вкупно 12 такви бродови, како и модифицираниот брод „Адмирал Чабаненко“.
Во овој момент во вооружувањето на руската војска се наоѓаат осум такви бродови и тие се и понатаму силна противподморничка платформа, пишува Хачисон.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче