Магазинот Popular Mechanics пишува дека процедурата е многу импресивна.
На снимката што ја објави руското Министерство за одбрана се гледа како дигалката спушта во вода оклопни транспортери. Припадниците на морнаричката пешадија пловат до брегот под заштита на патролните бродови „Дагестан“ и „Татарстан“ од проектот 11661 „Гепардˮ, офанзивни хеликоптери и ловци.
Чета на морнаричката пешадија и оклопни транспортери БТР-82 се истоваруваат на брегот. Некои маринци скокаат во вода директно од артилериска корвета од проектот 1204 „Шмељ“.
Popular Mechanics додава дека, и покрај тоа што пловечката дигалка ВТР-79 не е наменета за непосредно учество во поморски десант, неговата широка палуба и тешката дигалка беа корисни во овие вежби. Магазинот потсетува дека американските маринци редовно се истоваруваат на брег во десантни амфибиски возила. Но, оваа пракса не е безбедна: годинава едно од возилата потона кај брегот на Калифорнија, при што загинаа девет маринци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче