Беспилотно леталот „Форпост“ (Searcher Mk II)
Слободан ЃукиќРуската армија првпат изведе комплексна операција на извидување во која истовремено беше вклучен „рој“ од 80 беспилотни летала. Операцијата е реализирана на почвата на Сирија, а Националниот центар за управување со одбраната на РФ кој се наоѓа во Москва беше повеќе од импресиониран од практичните можности на овој систем. За оваа операција за руската државна телевизија „Русија 24“ зборуваше рускиот министер за одбрана, генерал на армија Сергеј Шојгу.
„Во еден момент ангажиравме и до 78 беспилотни извидувачки дронови кои во исто време се наоѓаа во воздух. Одовде (Националниот центар за управување со одбраната на РФ во Москва) имавме можност во реално време да ги видиме сите цели, лансирањето на проектилите и нивно следење по траекторијата на летот. На овој начин нашата армија доби нови способности. Способности за кои неодамна сметавме дека припаѓаат на жанрот полуфантастични играни филмови, а како што гледаме денес тоа се оствари во реалноста“, рече министерот Шојгу, а пренесе веб-порталот ТАСС.
Тој додаде дека ефикасноста на рускиот систем за извидување и надзор кој се реализира со помош на беспиолотни летала ги надминал западните пандани, особено кога е во прашање следењето на ефектот на дејството на високопрецизните убојни средства по зафатените цели. Овие податоци се потврдени со анализа на специјалистите на руското Министерство за одбрана кои користеа искуства на други армии кога е во прашање овој вид на изведување современи борбени дејствија.
Според рускиот министер за одбрана, руската армија во изминативе години на почвата на Сирија ликвидирала околу 133 илјади терористи. Во комплексната воздушно-копнена операција е уништена терористичката групација „Исламска држава“ која е забранета на територијата на Руската Федерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче